АЛУМИНИУМСКИ САДОВИ ЗА ПАКУВАЊЕ НА ХРАНА
Алутек-Хартек е прв и единствен производител на алиминиумски садови за пакување на храна во Македонија.
Откријте ја нашата разновидна понуда на алуминиумски производи, кои нудат врвна топлинска ефикасност, издржливост и еколошка одговорност, совршени за секојдневна употреба во вашата кујна.
Запознајте се со нашата широка палета на алуминиумски садови за пакување на храна кои вклучуваат алуминиумска фолија и садови, создадени за да го унапредат вашето готвење. Нашите производи обезбедуваат одлична распределба на топлина и трајност, што ги прави идеални за различни техники на подготовка и складирање на храна.
Дополнително, тие се целосно рециклирачки, што ги прави одличен избор за оние кои се грижат за животната средина.
КАРАКТЕРИСТИКИ
Различни големини и форми
Нашите контејнери се достапни во повеќе големини и форми за да одговараат на различни типови на оброци и порции.
Цврстина и издржливост
Изработени од квалитетен алуминиум, тие нудат издржливост и стабилност, дури и при ракување со потешки оброци.
Херметичност
Соодветни капаци овозможуваат безбедно затворање, спречувајќи истекување на течности и задржувајќи го вкусот и аромата на храната.
Универзална употреба
Идеални за пакување на сите видови на храна, вклучувајќи топли и ладни оброци, сосови, печива, десерти и сл.
ПРЕДНОСТИ
Отпорност на топлина и ладно
Алуминиумските контејнери можат да издржат широк температурен опсег, што ги прави идеални за печење, загревање, и чување на храна во фрижидер или замрзнувач.
Задржување на топлината
Благодарение на своите одлични топлински својства, алуминиумот овозможува храната да остане топла подолго време, што е од клучно значење за услугите на достава на храна.
Хигиенски и безбедни
Нашите контејнери се направени од висококвалитетен, нетоксичен алуминиум, што ги прави безбедни за директен контакт со храна. Тие се лесни за употреба и безбедни за еднократна или повеќекратна употреба.
Заштита на храната
Алуминиумските контејнери обезбедуваат одлична заштита од надворешни фактори, како што се воздухот и влагата, задржувајќи ја свежината, вкусот и текстурата на вашите оброци.
Еколошки пријателски
Алуминиумот е 100% рециклирачки, што го прави еколошки одговорен избор за пакување храна.
Цврсти, практични и лесни
Овие контејнери изработени од високомикронски алуминиум и се лесни и компактни, што овозможува ефективно складирање и употреба во секоја професионална кујна.